10 години постоење
На 15 мај 2023 година, во Makka Bar во Скопје, во присуство на припадници на ЛГБТИ+ заедницата и поддржувачи, претставници од граѓанскиот сектор, парламентот, домашни и меѓународни институции, дипломатскиот кор и други гости, одбележавме 10 години од постоењето на Здружението за сексуални и родови малцинства КВИР ЦЕНТАР Скопје (порано познато како „Субверзивен Фронт“). Скопскиот Квир Центар е единственото во земјава специјализирано советувалиште за ЛГБТИ+ луѓе и нивните семејства, а во рамките на организацијата функционира Националната линија за анонимно и доверливо советување за ЛГБТИ+ луѓе, родители, старатели и стручни тимови.
На прославата на годишнината, на Маја Морачанин, пратеничка во Собранието на Република Северна Македонија и координаторка на интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ+ луѓето, ѝ доделивме признание за нејзиниот континуиран значителен придонес во застапувањето за еднакви права на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија.
За расположението на гостите се погрижи DJ Соња Исмаил, а прекрасната атмосфера беше овековечена преку објективот на камерата на фотографката Соња Ставрова Кирковски. Погледнете ги сите фотографии од настанот со клик овде.