Квир Центар потпиша Меморандум за разбирање со СЕММ за взаемна соработка во справувањето со дискриминаторниот говор против ЛГБТИ+ луѓето во медиумските содржини.
Препознавајќи ја важноста на промовирањето инклузивност, еднаквост и правична застапеност на сексуалните и родовите малцинства во медиумите и општеството, здружението КВИР ЦЕНТАР Скопје и Советот за етика во медиумите на Македонија потпишаа Меморандум за разбирање со кој се предвидува соработка за негување на опкружување во кое ќе се практикуваат толеранција, почит и разбирање за сексуалните и родовите малцинства, обезбедување на точна и правична застапеност на сексуалните и родовите малцинства во медиумското известување и содржини, едуцирање на медиумските професионалци за етичко известување и прикажување на прашања за сексуалните и родовите малцинства и соработка на иницијативи насочени кон подигање на свеста и борба против дискриминацијата кон сексуалните и родовите малцинства.