Премини на содржината

Одржана панел-дискусијата „Невидливата врска помеѓу системската корупција и дискриминацијата“

Панел-дискусијата „Невидливата врска помеѓу системската корупција и дискриминацијата“ се одржа на 28 декември 2023 година (четврток), од 10:30 до 13:30 часот во Хотел Лимак во Скопје, во конференциската сала „Лара“, на петтиот кат. Настанот беше во организација на Здружението за сексуални и родови малцинства КВИР ЦЕНТАР Скопје, а се реализираше во рамките на проектот „Човековите права во практиката“ спроведуван од Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје како дел од проектот „Заедничка акција за човекови правата“ финансиран од Европската Унија.

Во првиот дел од настанот, Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје накратко го претстави проектот „Заедничка акција за човекови права“, додека Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) се осврна, меѓу другото, на Мрежата за борба против говор на омраза во медиумите, чие формирање беше поддржано од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Воедно, презентиравме статистики од извештајот на КВИР ЦЕНТАР Скопје за мониторингот и пријавувањето на дискриминацијата и вознемирувачкиот говор, како и поднесените пријави за говор на омраза во 2023 година, кој ќе го објавиме во претстојниот период.

Во вториот дел од настанот зборувавме за корупцијата, дискриминацијата и говорот на омраза, и за нивната врска која успешно влијае кон разорување на системот и правната држава. Во оваа дискусија говорнички беа Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншки комитет за човекови права и обвинителката Ленче Ристоска од Основното јавно обвинителство Скопје.

Публикацијата која произлезе од проектот, насловена „Извештај за говорот на омраза, како вербален деликт врз сексуалната ориентација и родовиот идентитет“, преземете ја овде.

Фотографиите од настанот можете да ги погледнете на нашиот Flickr.

Сподели на...