Премини на содржината

Македонија останува меѓу најлошите земји за живот на ЛГБТИ луѓето на Балканот

Македонија се најде на 31-во место на виножитната мапа на ИЛГА-Европа, во која се рангирани 49 европски земји според правната и политичката ситуација со човековите права на ЛГБТИ луѓето. Повеќето држави аспиранти за влез во ЕУ, вклучително нашата земја, заостануваат во исполнувањето на обврските, одложувајќи го носењето на закони и со тоа ставајќи ги своите граѓани сѐ повеќе во реален ризик од негативни реакции кон нив и поткопување на фундаменталните права.

На виножитната мапата најдобро котираат Малта (88%) на прво, Исланд (83%) на второ и Белгија (78%) на трето место, додека најлоши оценки имаат Русија (2%), Азербејџан (2%) и Турција (5%).

Македонија има остварено само 31% од потребните реформи за унапредување на позицијата и пристапот до човековите права на ЛГБТИ луѓето, а од државите во регионот полошо од нас се рангирани Бугарија со 23% и Романија со 19%. Србија, Косово и Албанија имаат по 36%, Босна и Херцеговина 40%, Црна Гора 48%, Словенија и Хрватска 50%, додека Грција е пред останатите држави на Балканот со 71% и моментално се наоѓа на шесто место во Европа заедно со Финска.

И додека европските земји се соочуваат со обиди за поткопување на слободата и демократијата во услови пораст на крајнодесничарските сили, наодите од најновата ЛГБТИ анкета на Агенцијата на ЕУ за фундаментални права откриваат дека повеќе од две третини од испитаниците се соочиле со изјави на омраза и значително зголемување на насилството од претходното истражување во 2019 година.

За повеќе информации консултирајте го новиот сајт на виножитната мапа со клик овде.

Сподели на...