Премини на содржината

Основното јавно обвинителство Скопје постави обвинителка за соработка меѓу граѓанскиот сектор и обвинителството за предмети за дела од омраза

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје донесе одлука со која номинира еден јавен обвинител од ОЈО Скопје кој ќе биде задолжен да го следи постапувањето во предметите за кривични дела од омраза и дискриминација – соопштија од ОЈО Скопје.

Номинирањето на јавната обвинителка Емилија Мизо Димков е на иницијатива на здружението Квир Центар, кое ќе иницира формирање мрежа од невладини организации за потесна соработка меѓу граѓанскиот сектор и јавното обвинителство во постапувањето по предметите за кривични дела од омраза и дискриминација, за што е најавена поддршка и од Советот на Европа.

Номинираната јавна обвинителка од ОЈО Скопје ќе има надлежност да го следи постапувањето во предметите и да остварува контакт со пријавителите и со невладините организации што ги претставуваат интересите на лицата кои се јавуваат во својство на оштетени во предметите.

Ова е прв пат ОЈО Скопје да назначи обвинител што ќе има такви ингеренции во справувањето со делата од омраза и нивното процесирање во кривично-правниот систем.

Сподели на...