Премини на содржината

Повик за предлог-проекти – Заедно за ЛГБТИК+ еднаквост

Центарот за граѓанско образование
во рамките на проектот
Заедно за ЛГБТИК+ еднаквост
објавува
ПОВИК ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ
за поддршка на проекти на граѓански организации (ГО) од Западен Балкан

Предлог-проектите треба да промовираат еднаквост и инклузија на ЛГБТИК лица во сите сфери на јавниот и приватниот живот преку зајакнување на капацитетите на граѓанското општество. Ова вклучува застапување, подигање на јавната свест, градење сојузништва и стратешко застапување во судски постапки за укинување на дискриминаторски закони, политики, мерки и практики против ЛГБТИК лица, како и придонес во креирањето политики во областа на недискриминацијата.

Предлог-проектите треба да се поднесат најдоцна до 17 април 2025 година, до 14:00 часот.

За да бидат подобни за грант, граѓанските организации мора да ги исполнуваат следните критериуми:

  • да бидат правни лица;
  • да не остваруваат профит;
  • да бидат граѓански организации;
  • да бидат регистрирани во една од земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија) најмалку 12 месеци пред крајниот рок за поднесување на предлог-проекти;
  • да бидат директно одговорни за подготовката и управувањето со проектот.

Пријавите мора да се поднесат со пополнети: Анекс 1 – Апликациски формулар, Анекс 2 – Предлог-буџет и Анекс 3 – Логичка рамка. Пред пополнувањето на овие документи, внимателно прочитајте ги деталните Насоки.

Поддржаните граѓански организации ќе добијат сеопфатна програма за јакнење на капацитетите во областа на проектниот менаџмент и сродни теми.

Апликациите, заедно со придружната техничка документација, треба да се испратат на , со предмет на е-поштата: „CfP for CSOs in WB – Together For LGBTQI+ Equality“. Доколку е потребно дополнително појаснување, прашања може да се испратат на најдоцна до 1 април 2025 година.

Вкупно 300.000 евра ќе бидат распределени на граѓанските организации преку овој повик. Износот на средства што може да се додели за поединечен проект ќе биде во рамки од минимум 15.000 евра до максимум 30.000 евра.

Побараните средства во рамките на овој повик можат да покријат минимум 70% и максимум 100% од прифатливите трошоци. Доколку проектот не е поддржан со 100%, разликата меѓу вкупните трошоци и одобрениот износ мора да биде покриена од средства што не се од буџетот на ЕУ.

Проектот Заедно за ЛГБТИК+ еднаквост го спроведува Центарот за граѓанско образование, во партнерство со ERA – LGBTI Equal Rights Association for Western Balkans and Turkey, Queer Montenegro, Скопски Квир Центар, Tuzla Open Center, Open Mind Spectrum Albania и Center for Social Group Development од Косово. Проектот е финансиран од Европската унија.

Сподели на...