Премини на содржината

Ограничување на одговорност

Информациите содржани на овој веб-сајт се од генерален информативен карактер. Тие се пуштаат во промет од Здружението за сексуални и родови малцинства КВИР ЦЕНТАР Скопје (во понатамошниот текст: Организацијата) со цел да се дојде до слободен пристап до информациите и до мислењата, без притоа да се гарантира нивната точност, целост и веродостојност, како и оние врз чиишто извори се базира содржината. Секое користење на информациите е на ризик на читателот.

Во ниеден случај нема да бидеме одговорни во случај на каква било загуба или штета, индиректна или последователна загуба или штета, или каква било загуба или штета настаната од губењето податоци или профити од, или во врска со, користењето на овој веб-сајт.

При користење на овој веб-сајт, можете да бидете насочени и кон други веб-сајтови чија содржина не е под контрола на Организацијата. Нашата организација нема ниту директна ниту индиректна контрола врз природата, содржините или достапноста на овие веб-сајтови. Вклучувањето на какви било линкови не имплицира нужно препорака или поддршка на ставовите и мислењата изразени на нив.

Се прават сите напори за да се одржи достапноста и оперативноста на овој веб-сајт. Во секој случај, не преземаме одговорност, или нема да бидеме виновни, доколку веб-сајтот е привремено недостапен како резултат на технички проблеми надвор од наша контрола.