Премини на содржината

Политика за приватност

Приватноста на корисниците е од исклучителна важност за Здружението за сексуални и родови малцинства КВИР ЦЕНТАР Скопје (во понатамошниот текст: Организацијата). Овој документ ја утврдува политиката за приватност и приватните информации што Организацијата ги собира од корисниците при секое консултирање на веб-сајтот и оние што ги споделувате со нас доброволно.

ЛОГОВИ

Како и многу други веб-сајтови, Организацијата користи логови за следење на интернет-сообраќајот. Логовите се бази на податоци што содржат информации како IP-адресата, веб-прелистувачот, интернет провајдерот, времето на вчитување, документите консултирани од страна на веб-прелистувачот, влезната и излезната страница, како и некои демографски податоци. IP-адресата како и некои други податоци во никој случај не се поврзуваат со други информации кои би можеле да го откријат идентитетот на корисникот.

КОЛАЧИЊА И „WEB BEACONS“ (ВЕБ-ТРАКЕРИ)

Организацијата користи колачиња за да ги запамти корисничките параметри, за да ги следи најчесто посетуваните страници од страна на корисникот и за да го прилагоди веб-сајтот врз база на веб-прелистувачот на посетителот или други информации кои посетителот ги испраќа преку неговиот веб-прелистувач.

КОЛАЧИЊА ОД ДРУГИ ПЛАТФОРМИ И ВЕБ-САЈТОВИ

При објавувањето содржини, понекогаш прикачуваме фотографии и видеа од веб-сајтови како што се YouTube, Vimeo и Flickr. Како резултат на тоа, кога ќе посетите делови од веб-сајтот со содржини од надворешни страници, како што се YouTube, Vimeo и Flickr, изложени сте на колачињата од истите. Ние немаме контрола над надворешните колачиња.

КОЛАЧИЊА ОД АЛАТКИТЕ ЗА СПОДЕЛУВАЊЕ СОДРЖИНИ

Ве молиме, имајте предвид дека голем број од нашите страници ја содржат опцијата „сподели“ со цел да им се овозможи на корисниците полесно да споделуваат статии со нивните пријатели на социјалните мрежи. Социјалните мрежи, исто така, може да содржат колачиња кога сте пријавени на истите. Ние немаме контрола над нивните колачиња и ве молиме да ги проверите надворешните веб-сајтови за да дознаете повеќе за тоа како тие ги користат колачињата.

СТАТИСТИЧКИ КОЛАЧИЊА

Го користиме Burst Statistics, софтвер на холандската компанија Burst Statistics B.V., за анализирање на посетеноста на веб-сајтот, за утврдување на бројот на посетители на веб-сајтот, нивната интеракција со веб-сајтот, електронските уреди преку кои пристапуваат на веб-сајтот и изворите на посетите на веб-сајтот. Статистиките се целосно анонимни, се складираат исклучиво на нашиот веб-сајт и до нив имаат пристап само овластени лица на Организацијата.

КОИ ПРАВА ГИ ИМАТЕ НАД ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Имате право да побарате од страна на Организацијата пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката на личните податоци кои се однесуваат на вас, или право на приговор за обработката, како и право на преносливост на податоците. Исто така, имате право да побарате повлекување на согласноста во секое време.

Ако сметате дека начинот на кој Организацијата ги обработува вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, ве молиме контактирајте нѐ на info [@] skc.mk за да ни го ставите тоа на знаење или, пак, можете да поднесете поплака до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело.

ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ

Скопски Квир Центар
ул. „Никола Тесла“ бр. 2/1-10
Скопје, Северна Македонија
+389 76 480 123
info [@] skc.mk