Премини на содржината

Правила за користење

Добредојдовте на веб-сајтот на Здружението за сексуални и родови малцинства КВИР ЦЕНТАР Скопје (во понатамошниот текст: Организацијата). Со прелистувањето и користењето на овој веб-сајт, вие се согласувате на почитување и подлежите на нашите Правила за користење на веб-сајтот, кои заедно со нашата Политика за приватност, Политика за користење на колачиња и Изјава за ограничување на одговорност ја дефинираат релацијата на Организацијата со вас во врска со овој веб-сајт. Терминот Организацијата или „ние” или „нас” се однесува на сопствениците на овој веб-сајт. Терминот „вие” се однесува на корисникот или посетителот на нашиот веб-сајт. Користењето на овој веб-сајт е условено со следните правила за користење:

  • Содржините на страниците на овој веб-сајт се наменети само за ваше лично информирање и користење. Содржините може да се менуваат без претходна напомена.
  • Ниту ние, ниту која било трета страна можеме да дадеме потполна гаранција за редовноста, навременоста, точноста, ефикасноста или комплетноста на информациите и материјалите што се содржани на овој веб-сајт за која било намена. Со самото користење на веб-сајтот, станувате свесни за можните неточности или отстапувањата од некои содржини за кои, според законот, до одреден степен, не преземаме одговорност.
  • Користењето на кои било информации или материјали од овој веб-сајт е на ваш сопствен ризик за кој не преземаме никаква одговорност. Ваша должност е да се осигурате, претходно, дали содржините што сте ги нашле се токму тие што ви требаат.
  • Овој веб-сајт содржи материјали што се под наша надлежност или во наша сопственост. Материјалите може да ги вклучуваат графичкиот дизајн, формата, изгледот и графичките елементи (банери, фотографии и друго), но оваа листа на содржини не е исцрпна. Секое нивно копирање е забрането освен во согласност со белешката за авторски права која е составен дел од овие правила за користење.
  • Сите брендови што не се во наша сопственост или под лиценца на некој друг оператор се соодветно цитирани на нашиот веб-сајт.
  • Неавторизираното користење или злоупотреба на овој веб-сајт (хакирање, спамирање и слично) може да резултира со покренување постапка пред надлежните органи, во согласност со постоечките законски прописи во Република Северна Македонија, за соодветен надомест за предизвиканите штети и/или ќе се смета за криминален прекршок.
  • Повремено овој веб-сајт може да содржи и информации или пренасочувања кон други веб-сајтови. Овие пренасочувања ви се ставени на располагање за да ви обезбедат дополнителни информации. Нивното присуство не значи дека стоиме зад ставовите на веб-сајтовите. Организацијата не презема никаква одговорност за содржините на линкуваните веб-сајтови.