Премини на содржината

За нас

Извршната канцеларија на Квир Центар е средиштето за обезбедување клучна поддршка и застапување за ЛГБТИ+ заедницата во Северна Македонија. Нудиме есенцијална психосоцијална и правна помош, спроведуваме витални истражувања и активно застапуваме за менување на политиките во насока на унапредување на правата и благосостојбата на ЛГБТИ+ луѓето. Во нашиот фокус се промовирање на еднаквост, зајакнување на заедницата и осигурување на праведен пристап до фундаменталните права за ЛГБТИ+ граѓаните во нашата држава.

Давид Тасевски

Извршен директор

Ивана Костовска

Менаџерка на сервиси

Мартин Тасевски

Правен советник

Петар Стојковиќ

Менаџер на комуникации

Управен одбор

Вида Гаврилоска Бубалова

Членка на Управен одбор

Елена Кочоска

Членка на Управен одбор

Катарина Синадиновска

Членка на Управен одбор

Психосоцијална поддршка

Специјализираното советувалиште, кое започна со работа од 2021 година, обезбедува квалитетни и бесплатни услуги за ЛГБТИ+ луѓето. Во рамките на советувалиштето достапни се следните услуги: психолошко советување и психотерапија, групна психотерапија, психосоцијална поддршка на терен, придружување од социјален работник, информирање и упатување, како и правна помош. Стручниот кадар во советувалиштето е составен од доверливи професионалци со искуство во областа и работа со ЛГБТИ+ луѓе.

Правна помош и советување

Нудиме сеопфатни услуги на правно советување и информирање, правна помош и застапување за ЛГБТИ+ луѓе. Областите на потесна специјалност на услугите на правна поддршка и советување се поврзани со: дискриминација, говор на омраза и дела од омраза врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, барање на азил и привремена заштита поради прогон врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, родовобазирано насилство, и склучување истополови партнерства/бракови во странски земји.

Национална ЛГБТИ+ линија

На националната ЛГБТИ+ линија можат да се јават ЛГБТИ+ лица од сите возрасти, нивните семејства, пријатели, но и стручни тимови од училиштата и центрите кои имаат контакт со ЛГБТИ+ лица, или млади кои се чувствуваат збунето во врска со нивната сексуална ориентација или родов идентитет. ЛГБТИ+ лицата од целата територија на државата, можат анонимно, без споделување на нивниот идентитет, да добијат поддршка, помош или советување. Советувачите се стручни лица (социјални работници, психолози, психотерапевти), со поминат тренинг за работа со ЛГБТИ+ лица и телефонско советување, кои обезбедуваат безбедна средина за лицата кои се јавуваат.

Нашата работа низ бројки

Краток извештај за работата на сервисите на Квир Центар за 2024 година

Преглед на клиенти

Регистрирани се 16 корисници на некоја од услугите за психосоцијална и правна поддршка за ЛГБТИ+ луѓе: 8 нови и 8 постојни клиенти во центарот. Според родова дистрибуција тоа се 9 мажи и 7 жени, додека според целната група станува збор за 7 геј-мажи, 6 лезбијки, 2 бисексуалци и 1 транс лице.

Испорачани услуги

Клиентите оствариле вкупно 43 посети: 11 советувања со социјален работник и 32 советувања со психотерапевт.

Телефонско советување

Од отворањето на Националната ЛГБТИ+ линија во август 2020 година до крајот на 2024 година, овој есенцијален сервис има забележано 134 клиенти што оствариле 234 повици.

Претставки во КСЗД

Во две претставки од нас, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди вознемирување, повикување, поттикнување и/или инструкција за дискриминација врз основа на сексуална ориентација и/или родов идентитет.

Жалби во СЕММ

Советот за етика во медиумите на Македонија во пет жалби најде отстапување од професионалните и етичките стандарди утврдени во Кодексот на новинарите на Македонија и/или во Насоките за етичко известување на онлајн медиумите, а три се решени со медијација и поправка на стореното прекршување.

Кривични пријави во МВР

Квир Центар поднесе 63 кривични пријави до Министерството за внатрешни работи за ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Две кривични пријави беа отфрлени, а за останатите 61 сѐ уште чекаме одговор.